Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пападакис за Фактор: Криза во грчката влада ќе ги охрабри противниците на Преспанскиот договор

Пападакис за Фактор: Криза во грчката влада ќе ги охрабри противниците на Преспанскиот договор

Оставката на Никос Коѕијас ја носи Владата на Алексис Ципрас во криза и сега се ќе се доведе во прашање, па и Преспанскиот договор иако тој формално правно е жив, вели за Фактор Јоргос Пападакис. Тој смета дека Ципрас, кој сега ќе ја превземе функцијата на министер за надворешни работи, нема лесно да се откаже од договорот кој е важен за него, а и дека за тоа има притисоци од Европската Унија и од САД.

На прашањето како ова ќе се рефлектира во Скопје, Пападакис вели дека треба да се почека да се види како ќе се одвиваат процесите.

„Ова може да ја охрабри опозицијата оти секоја неизвесност од грчка страна оди во корист на противниците на Преспанскиот договор, а против напорите на Владата за жал, вели Пападакис.

Ѓ.Т.


Слично

Поврзани вести