Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски: Зошто да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?

Пановски: Зошто да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?

Д-р Никола Пановски на Фејсбук ги праша експертите на кои се повикува Mинистерството за здравство зошто луѓето со антитела да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена.

„Еве од втора година медицина, секој студент што го знае, нека одговорат врвните експерти на кои се повикува Министерството за здравство. ИгГ заштитните антитела се со црна линија. 12 недели се високи и остануваат високи!!! Вие ги терате да се вакцинираат најдоцна во седмата недела кога имунитетот е најсилен. Зошто да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?“, прашува тој. 

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека јасни се препораките дека природниот имунитет после прележување на болеста, со тек на време се намалува и вакциналниот е оној којшто е потраен.

Maкедонија деновиве има над 1.000 заразени со коронавирусот. Висок е и бројот на починати. 

Слично

Поврзани вести