Пановски вели дека за неколку месеци ранливите групи ќе живеат нормално
Микробиологот Никола Пановски вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека вакцинацијата буди голема надеж, но идните месеци ќе се види каква е состојбата.
Очекува дека за пет - шест месеци ќе има видливи резултати во земјите каде почнала вакцинацијата. Вели дека за неколку месеци ранливите групи ќе почнат да живеат нормално.
Смета дека најдобро е вакцинирањето да биде на доброволна база, поради сите контроверзии и лажни вести. Вели дека исто така важно е вакцината да биде бесплатна и со тоа да биде достапна за сите.
Пановски рече дека ние сме навикнати да следиме што се случува на Западот со коронавирусот, но не се вртиме да видиме што се случува на Истокот.
Вели дека некои земји со лесни рестриктивни мерки ги зачувале економиите.
„Според сегашните сознанија вирусот не мутира како што мутира вирусот на грипот“, вели Пановски.
Рече дека ќе се следи колку вакцината ќе биде делотоворна.
