Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски смета дека сега не е време за смена на Филипче

Пановски смета дека сега не е време за смена на Филипче

Што се однесува до министерската промена во здравството, при ваква состојба во здравството, во време на пандемија, сметам дека е несериозно да се менува актуелниот министер за здравство Венко Филипче, рече микробиологот Никола Пановски во гостување на Телма. 

Пановски ги критикуваше младите кои според него не се тестираат и користат лажни сертификати

„Така се добиваат нереални бројки во однос на позитивните. Во време на пандемија сите треба да се лекуваат во јавното здравство, без оглед на тоа дали се или не осигуреници на фондот“, рече тој. 

Инаку, Алтернатива која се приклучи на власта ќе го добие Министерството за здравство. 

Во текот на изминатите 24 часа во Македонија регистрирани се 13 починати лица: 6 починати лица од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г), 2 починати лица од Куманово (75г и 80г), и по едно починато лице од Берово (77г), Битола (69г), Велес (71г), Македонска Каменица (35г) и Ресен (76г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Слично

Поврзани вести