Пановски смета дека омикрон веќе е присутен во Македонија
Микробиологот д-р Никола Пановски во Темата на денот на Сител рече дека oмикрон сојот најверојатно е веќе влезен во земјава.
„Сепак не треба да се ризикува, за да не дојде до експлозија во болниците и поставување на модуларни болници. Треба да се преземат мерки. На пример Грција од вчера воведе задолжителен ПЦР-тест за сите патници. Јас да сум некој фактор во државата, веднаш после нив би вовел и ПЦР тестови за сите граѓани што влегуваат. Прва мерка да ни биде наменета за границите и аеродромите и таа да важи 15 дена за почеток, а после тоа да се анализира. Нема бегање од сојот, ако велат дека се шири со таа брзина“, вели Пановски.
Тој кажа дека Комисијата за заразни болести предложувала „нелогични мерки“.
Според микробиологот Пановски по седум дена коронавирусот го нема во телото на човекот.
Слично
