ПАНОВСКИ СЕ ОДНЕСУВА КАКО ИНФЛУЕНСЕР: Се огласија од градот за исчезнатите клупи за кои токму тој објави на Фејсбук
Откако Никола Пановски, обвини дека исчезнале 29 клупи, се огласија од град Скопје.
-Советникот од редовите на ЛДП Никола Пановски продолжува со срамното однесување на социјалните мрежи ставајќи се во улога на Фејсбук инфлуенсер наместо да си го заработи чесно паушалот од 500 евра за една седница месечно и да се бави со она за кое што е избран во Советот на Град Скопје.
Однесувањето на Пановски не доликува на Советник, а уште помалку доликува на професор, доктор и човек кој треба да образува нови генерации.
Во изминативе две години Пановски во Советот на Градот е безгласна буква, советник кој нема предложено ниту еден амандман, а камоли некакво решение во интерес на скопјани, во интерес на оние кои го гласале.
Единствено нешто кое го интересира Пановски е паушалот од 500 евра за кој за жал не работи ништо имајќи ја во предвид неговата неактивност како советник.
Што се однесува до клупите кои се исчезнати од кејот на Вардар, трагично е што Пановски коментира без соодветно да се информира за случајот кој е пријавен во полицијата и одговорот советникот треба да го бара токму од МВР.
Очигледно советникот Пановски нема храброст да го контактира неговиот помошник министер во МВР кој доаѓа токму од неговата партија ЛДП и да го запраша до каде е истрагата за случајот или ќе продолжи и натаму да соли памет на социјалните мрежи?
Доколку не побара одговорност од својот партиски кадар на ЛДП тој ќе ги потврди сомнежите појавени кои покренуваат прашање дали тој самиот е инволвиран во случајот за кражбата на клупи, имајќи во предвид колку е запознаен во детали за начинот на кој е оштетен имотот на граѓаните и на кој се исчезнати клупите од градскиот парк- велат оттаму.
