Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски: Рестораните според мене не треба да работат

Пановски: Рестораните според мене не треба да работат

Надлежните да признаат каде најмногу се шири коронавирусот, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење дистанца вирусот не се шири, изјави за Алфа микробиологот Никола Пановски.

„Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантиметри без маски“, вели  Пановски.

Тој вели дека е неопходно да се стави клуч на врата кај угостителските објeкти и да се воспостави ред во јавниот превоз, бидејќи само така ќе се држи под контрола третиот бран на коронавирус во земјава. Mинатата недела во Македонија имаше високи бројки на заразени. Сега бројот на активни случаи е над 11.000. 

Слично

Поврзани вести