Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски: Распустот треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски

Пановски: Распустот треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски

Микробиологот Никола Пановски е за продолжување на зимскиот распуст. 

Деновиве скокна бројот на заразени со коронавирусот. 

„Зимскиот распуст на учениците треба да се продолжи за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски“, изјави проф. д-р Никола Пановски за Канал 5.

Според него, треба да се скрати периодот на изолација. Пановски вели дека треба да бидеме и првите што ќе ги укинат сертификатите, затоа што и имунизираните го шират коронавирусот. 

Вчера имавме скоро 2.000 заразени. Денес имаме за нијанса помалку инфицирани. 

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД-19.

Слично

Поврзани вести