Пановски: Педесет проценти од граѓаните би биле вакцинирани до почеток на август
Д-р Никола Пановски вели дека засега децата не треба да бидат опфатени со имунизацијата.
Рече дека земјава веќе има стекнато колективен имунитет, ако во предвид освен вакцинираните, се земат и оние граѓани кои го прележале коронавирусот.„50 проценти од граѓаните би биле вакцинирани до почеток на август, а 70 отсто до крајот на годинава, ако имунизацијата се одвива со исто темпо како и до сега“, изјави доктор Никола Пановски за Сител.
Очекува да имаме мирна есен, без голем број заразени и смртни случаи од вирусот. Пановски повика граѓаните да се вакцинираат, затоа што само така може да ја победиме пандемијата.
Слично
