Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски: Носењето маска на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво

Пановски: Носењето маска на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво

Микробилогот Никола Пановски на Фејсбук, за новите мерки донесени од Владата вели дека и носењето маска на планина и на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво. 

„Со документ за прележаност која се случила не порано од 9 месеци, Швајцарија го промени на 12 месеци, можете да патувате во ЕУ без вакцинација, кај нас во кафиќ на тераса не смееш да влезеш ако минале 45 дена!!! Носењето маска на планина и на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво“, напиша тој.

Во Македонија расте бројот на заболени од коронавирусот. Пановски претходно бараше построга контрола на границите, односно ПЦР тест, со што смета дека ќе се одложеше продорот на делта сојот во земјава. 

Слично

Поврзани вести