Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски: Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек

Пановски: Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек

Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек, вели  микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за Сител, за состојбата со коронавирусот. 

Тој потенцира дека пикот се очекува за две недели со над 60 смртни случаи на ден.

„Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Барем кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше есента и бројот на смртни случаи го следи бројот на ново откриените случаи и на хоспитализираните пациенти“, вели Пановски.

Македонија завчера имаше 50, а вчера 45 починати од коронавирусот. 

Потребен е викенд карантин за да се одморат здравствените работници, вели за Канал 5, епидемиологот Драган Даниловски. 

Тој  смета дека сепак треба да се воведат дополнителни рестриктивни мерки. Вели дека врвот на третиот бран може да го очекуваме за две недели, некаде кон средината на април. 

Слично

Поврзани вести