Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски: Мерките немаат никаква врска со падот на бројките, сертификатите се беспредметни

Пановски: Мерките немаат никаква врска со падот на бројките, сертификатите се беспредметни

Мерките немаат никаква врска со падот на бројките, сертификатите се беспредметни,  изјави микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“.

За наставата вели дека не е сигурен што не чека, но веројатно по недела-две децата повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака како што е сега. 

„Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така да кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се 3-та и 4-та година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, откако што ќе имаат во училиште“, потенцира Пановски.

Тој објаснува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени. 

Во Македонија со денови има висока бројка на починати од коронавирусот. Имаше и денови со 32 жртви. 

Слично

Поврзани вести