Пановски: Ме плаши зошто е потребно одеднаш да се укине полицискиот час
Доктор Никола Пановски за Телевизија 24 изјави дека од медицински аспект не е логично во овој момент целосно да се укинува полицискиот час.
Како причина го наведе ризикот од организирање на забави и поголеми дружби особено на помладите лица.
„Сметав дека и порано требаше да се донесе скратување на полицискиот час со зголемување на денот од 21 или 22 часот да биде. Мене ме плаши зошто е потребно сега одеднаш да се укине полицискиот час во услови кога имате млади луѓе затворени скоро 3 месеци, поволни временски услови идеални за организирање забави или поголеми дружби со враќање во 5 сабајле и слично“ - вели Пановски.
Вчера се однесе одлука, со која од денес повеќе не важи полицискиот час.Институтот за јавно здравје денеска регистрира 17 оздравени пациенти.
Во последното деноноќие има 25 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати.
Слично
