Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски: Лажна вест е таа за вакцините со свински желатин

Пановски: Лажна вест е таа за вакцините со свински желатин

Микробиологот Никола Пановски вели дека е лажна вест информацијата дека во вакцините за Ковид-19 има свински желатин.

Ваквиот одговор на професорот следува по веста дека свинскиот жалатин се користи како стабилизатор во текот на транспортот и складирањето на вакцините.

- Во вакцините има секаков вид на желатин и во најголем случај не мора да биде животински, тоа се лажни вести, рече Пановски одговарајќи на новинарско прашање во разговорот со Канал 5.

Тој смета дека 400.000 веднаш ќе се потрошат кога ќе пристигнат во Македонија, односно 25 отсто од населението за кратко време ќе биде вакцинирано, а потоа ќе следува убедувањето кон другите.

Македонија преку КОВАКС-програмата треба да добие 883.000 дози на вакцини.

Слично

Поврзани вести