Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНОВСКИ ЈА ИСТЕРА ПРАВДАТА: Осудени лицата што го користеа неговото име за лажни реклами, сега ќе бара обештетување во висина од 15 илјади евра за душевна болка

ПАНОВСКИ ЈА ИСТЕРА ПРАВДАТА: Осудени лицата што го користеа неговото име за лажни реклами, сега ќе бара обештетување во висина од 15 илјади евра за душевна болка

Откако во неколку наврати доктор Никола Пановски беше мета на лажни реклами во кои неговото име и слика беа користени за продажба на разни лекови и чаеви, тој на својот фејсбук профил објави дека сторителите се осудени со правосилна пресуда.
„КОНЕЧНО ПРАВДА, ова е само почеток.

Ширачите на лажни вести, за чаеви и други безвредни препарати, кои го злоупотребуваа моето име, слики и што не друго, за лично да се збогатат со измама на пациентите, се ОСУДЕНИ со правосилна пресуда.

Конечно, по една и пол година, донесена е правосилна пресуда за злоупотреба на личните податоци заради примоција на чаевите ПАРАЗОЛ и ХИПЕРТЕА на професорите Никола Пановски, Вело Марковски и Маја Мојсова“ напиша тој.

Како што објави, одговорното лице било казнето со 2.100 евра, а фирмата увозник со пет илјади евра. 

„Правдата е делумнно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци. Сега продолжувам во граѓанска постапка да барам оштета од 15000 евра за злоупотребата и душевната болка што ми ја сторија“ напиша тој.



Слично

Поврзани вести