Пановски го искритикува Тони Коњановски: Градоначалник епидемиолог, а не носи маска на спот
Микробиологот Никола Пановски упати критики до докторите-кандидати за градоначалници, кои ги имаше многу за локалните избори, дека не носеле маски за време на предизборниот спот, алудирајќи најмногу на новиот градоначалник на Битола, Тони Коњановски.
- Ако гледавте отворање на Ист Гејт, целото раководоство влегоа без маски. Ако следевте предизборна кампања и спотот на опозиционата партија, во тој спот 70 луѓе од кои 10 тина доктори од кои еден епидемиолог кој сега стана градоначалник се без маски, а знам дека спотот се снима најмалку три часа.

И сега тие со кој образ ќе казнуваат, ќе бараат сертификати? И власта и опзоицијата со вакви потези не добија казни за тоа, ја срушија стратегијата за превенција. Замислете каде сме стигнати. Толку доктори немаат смелост на лидерот да му кажат дека ова несмеат да го прават, а они одат и се сликаат.
Ова значи дека политиката не ги слуша докторите, дури и тие што ги поставиле изгледа ги ставиле за послушници. Место, да помогонете на народот, вие направивте трагедија со непочитување на протоколите“, рече Пановски во „Студио 10“ на ТВ24.
