Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пановски: Да се укинат заштитните маски во училиштата

Пановски: Да се укинат заштитните маски во училиштата

Микробиологот Никола Пановски побара од Комисијата за заразни болести и од Кризниот штаб да се укине задолжителното носење на заштитни маски на настава во учлиштата.

- Сметам дека е време во училиштата да се тргнат маските. Денеска одат 30 ученици на роденден, истите од класот ќе се дружат два саати, а потоа пак утре ќе се видат на училиште, вели Пановски во вестите на Канал 5.

Тој ги повика здравствените власти да дадат препорака и студентите да се вратат на физичка настава.

- Одат надвор насекаде, а не одат на настава, искоментира кратко  микробиологот.

Пановски тврди дека со Омикронот како доминантен сој и вакцинираните го пренесуваат и дека на основа на тоа нема логика да се користат уште вакциналните сертификати.

- Нема да има никаква промена ако се укинат сертификатите, тие и така не се почитуваат, а само граѓаните се малтретираат, вели тој.

Бустер-дозата, според Пановски, треба да биде препорачана само за ризичните групи.

Слично

Поврзани вести