Пановски: Битно беше во јануари, февруари да вакциниравме и да спасевме едно 1.000 животи
Битно беше во јануари, во февруари да вакциниравме поголема бројка луѓе, да спасевме едно 1.000 животи, изјави доктор Никола Пановски во вечерашното интервју на телевизија Телма.
Тој рече дека во моментов не е многу важна брзината со која се вакцинира.
„Да се спречеше тоа ширење. За мене сега побитно е да има квалитетни вакцини и до крајот на септември да бидат вакцинирани сите што сакаат и оние што се премислуваат. По моја проценка тоа ќе бидат околу милион луѓе, што би се вакцинирале до септември“, вели Пановски.
Во земјава паѓа бројот на заболени од коронавирусот. За 24 часа има 46 заразени.
Слично
