Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панов: Делчев е македонскиот син

Панов:  Делчев е македонскиот син

Гоце Делчев припаѓа на македонскиот народ и поврзан е со нашиот генетски код, вели историчарот Митко Панов. 

Тој додава дека е тешко да се дефинира Гоце Делчев.

„Тој е вечно неоткриениот за Македонците. Блаже Конески за него рекол дека „тој извира низ интимната ткаеност на македонскиот човек“. Кога ќе ги споредиме неговите поеми, ќе го видиме историскиот континуитет. Како што вели Конески, Делчев е македонскиот син, син на сите, кој што станува легенда. Народот го опевал во песните. Тоа е генерациски завет за сите идни поколенија“, рече Панов во Дневникот на ТВ Сител по повод 119 години од смртта на најголемиот македонски револуционер.

И Македонците во Бугарија му оддадоа почит на Делчев. Претставници на ОМО Илинден – ПИРИН и ОМО Илинден положија венец и цвеќиња на споменикот на Гоце Делчев. Одбележувања беа организирани санданското село Делчево, во Благоевград, во Гоце Делчев и во Шумен.

Слично

Поврзани вести