Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панорамското тркало ќе биде готово 2018 та година

Панорамското тркало ќе биде готово 2018 та година
Градот предлага Одлука за измена на годишната Програма за работа со Инвестициона програма за ЈСП Скопје за 2013 година, во која во делот останати инвестиции треба да се додаде Проектот изградбата на Панорамско тркало. Почетокот на изградбата треба да биде оваа година, а да заврши во 2018 година. Реализацијата на проектот ќе биде од донации и сопствени средства. Тркалото ќе биде високо 73 метри од брегот на реката, со 57 метри дијаметар,48 метри ширина и исто толку метри длабочина. Предвидено еда има 30 гондоли со капацитет 8 возрасни плус 2 деца. Максималниот капацитет на патници е 300, односно 240 возрасни плус 60 деца.  Висината на инвестцијата се проценува на околу 12 милиони евра, а динамиката на приливот на средства е предвидено да почне од следната година. За останатите проекти што треба да се градат во Скопје на следниот ЛИНК.
Слично

Поврзани вести