Панорамско тркало, нови постојки, смарт тикетинг: Во што ќе инвестира ЈСП Годинава?
Нешто повеќе од 6,5 милиони евра ќе одвои Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за инвестиции за оваа година. Според Инвестиционата Програма на претпријатието за 2014 година, најголем дел од парите 49,9 % од парите ќе бидат наменети за инвестиции во опрема, 44,9 % за градежни работи, а останатите 5,2 % од парите ќе бидат инвестирани во превозни средства. Дел од парите ЈСП Скопје ќе ги обезбеди од сопствени средства, а дел од донации.
Еве дел од инвестиции што годинава претпријатието планира да ги реализира:
- Набавка на нов нископоден зглобен автобус 284.552 евра (сопствени средства)
- Патничко и сервисно возило за интервенции 56.910 евра (сопствени средства)
- Нови постојки 1.073.170 евра (сопствени средства и Град Скопје, реализација 2015 година)
- Опрема за аларм и видео надзор на објекти и автобуси 200.000 евра ( сопствени средства, реализација 2014 година)
- Реконструкција на хали за прифаќање на автобуси 260.162 евра ( сопствени средства)
- Систем за наплата со смарт тикетинг 1.951.219 евра ( сопствени средства и Град Скопје, реализација 2014 година)
- Жичница 104.878евра
Слично
