ПАНДОВ СЕ КАЧИ НА КОЊ - ќе маршира до Крушево за Илинден и ќе ги пренесува убавините на Македонија
Александар Пандов, член на ВМРО-ДПМНЕ и прв човек на Патриотскиот фортум на опозициската партија, се качи на коњ, со кој во наредните осум дена ќе учествува на коњаничкиот марш по повод претстојниот голем празник, Илинден.
Тој ова го најави и на својот фејсбук профил.
„Браќа и сестри имам огромна чест и привилегија во наредните осум дена да бидам учесник во коњаничкиот марш ‚Бигорски Манастир Патот на Црешовото Топче'.
Ќе се обидам преку слики и видеа да ви пренесам мал дел од убавините на Македонската земја на патот од гостиварско Зубовце, до славно Крушево, каде за Илинден на 2-ри Август ќе се поклониме и положиме цвеќе пред споменикот на Мечкин Камен. Се гледаме во Крушево!
Да Живее Република Македонија
Слобода или Смрт“, напиша Пандов на фејсбук.
Објави и фотографија од својата опрема за маршот, на која доминираат патриотски и одбележја на неговата партија.

Дел од коментарите на фејсбук се пофални, но има и такви кои го критикуваат Пандов, и велат дека преку „чалам и фејсбук не се брани Македонија“.
Слично
