Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пандов од протестот во Штип: 500 луѓе кои и се спротивставија на власта се прогонети

Пандов од протестот во Штип: 500 луѓе кои и се спротивставија на власта се прогонети

Собир пред затворот во Штип се одржа денеска - го организира Патриотскиот институт и УМС на ВМРО ДПМНЕ, а насобраните дадоа поддршка на како што велат, неправедно затворените за случајот 27 Април. На „Собир за слобода“,  се обрати Александар Пандов.

„Не бараме милостина од Зоран Заев, ние само бараме нов судски процес, кој ќе биде фер и каде правото ќе биде главно, а јас сум сигурен дека во таков судски процес, нашите браќа ќе бидат слободни. Браќата кои што се не само во Штипскиот, туку и во останатите македонски затвори, тие тоа го покажаа и во 2001-ва година и 2017-та година. Нивниот грев се состои во тоа што ја љубат и ја сакаат Република Македонија. Можеби нешто повеќе од нас останатите. Мене искрено ми е жал што не се наоѓам сега заедно со нив таму во затвор, бидејќи мислам дека многу полесно ќе го истрпев овој црн период на национално, на секакво понижување што ни го прави Зоран Заев, изјави Александар Пандов, Институт на ВМРО-ДПМНЕ - Гоце Делчев. 

Младите од ВМРО-ДПМНЕ до Премиерот упатија порака дека притворените и затворените уставобранители, за нив се модерни револуционери, кои им оставиле аманет да си ја сакаат Република Македонија и да ги штитат интересите на единствената татковина.

-Ние не се согласуваме со тоа, по улици да шетаат криминалци, а затворите да се полни со патриоти кои не направиле ништо друго туку патриотски чин - изјави Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. 

Тагата не зближува, но болката не обединува, истакна актерот Тони Михајловски, а болката што ја трпат уставобранителите и нивните семејства е вечната болка на Македонецот во борбата за слобода.

- „Дрвото на слободата“ треба редовно да се залева со крвта на патриотите, но дрвото на слободата треба да се залева и со крвта на тираните- изјави Тони Михајловси, актер.

Според нивни проценки, во моментот околу 400 до 500 луѓе кои се спротивставиле на актуелниот режим се во притвор, затвор или под прогон и обвиненија


Слично

Поврзани вести