Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пандов ќе бара работа за затворениците, само 100-тина биле ангажирани

Пандов ќе бара работа за затворениците, само 100-тина биле ангажирани

Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов во денешната најава за интервју на МИА најави дека ќе се потруди да им пронајде работни ангажмани на затворениците.

Работното ангажирање е најдобриот начин за ресоцијализација на затворениците, смета Пандов и додава дека ќе се обиде законски да интервенира во делот на работно ангажирање на затворениците со цел тоа да се користи почесто.

- Имам забелешки на последниот закон, направен сега во април. Планирам во наредниот период да побарам измени на одредени точки, или вметнување на нови. Забелешка е тоа што кај нас, доколку говориме дека имаме 2 400 затвореници, мислам дека околу 100 се само работно ангажирани. Моите насоки кон директорите на затворите се да се обидат да постигнат договори со градоначалниците, со други фирми, што поголем број на затвореници да бидат работно ангажирани, рече Пандов.

Директорот информираше дека наследената состојба на затвореници евидентирани во бегство е околу 200, додека, во однос на прашањето дали постои гаранција дека ќе се вратат затворениците на кои тој им одобри прекин на издржување на казната, помеѓу кои имаше и осуденици од „27 април“, одговори дека нема гаранција и доколку не се вратат се во бегство.


Слично

Поврзани вести