Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пандов го чистеше споменикот на Гоце Делчев

Пандов го чистеше споменикот на Гоце Делчев

Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, со уште неколкумина доброволци денеска го чистеше постаментот на споменикот на Гоце Делчев во Градски парк - Скопје.

Спомен обележјето на влезот на Градскиот парк е посветен на големиот македонски револуционер и е подарок од бугарскиот главен град Софија од 1946. Споменикот е заштитен како културно наследство. Постаментот е често простор за графити и разни оштетувања.

Денеска се одбележува 149-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционерен деец.


Слично

Поврзани вести