Пандов: Борбата е неизвесна, но ќе ја водиме само со Груевски
Аналитичарот Александар Пандов кој не крие дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, а беше и меѓу најистакнатите предводници на ГДОМ и натаму верува дека само со Никола Груевски како лидер може да продолжи оваа „борба“ со заканите за уривање на унитарноста и протнување на како што ја нарекуваат Тиранската платформа.
„Верувам дека во главата на секој Македонец во моментов постојат голем број на прашања и дилеми како понатаму во оваа тешка борба и ситуација во која се наоѓа Македонија. Единствената дилема која за мене не постои е дека и понатаму единствен лидер позади кој ќе чекорам во понатамошната борба за Македонија е Никола Груевски“, напиша Пандов на Фејсбук.
Слично
