Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панчо Минов за Законот за јазици: Не прифаќам такво нешто и јас пратеник слушалка не бивам

Панчо Минов за Законот за јазици: Не прифаќам такво нешто и јас пратеник слушалка не бивам

Албанскиот јазик станува службен на цела територија. Не прифаќам такво нешто и јас пратеник слушалка не бивам, рече  пратеникот Панчо Минов за носење на Законот за јазиците.

Тој вели дека премиерот Зоран Заев иако ветуваше дека нема да има двојазичност, сепак тоа сега се случува. Минов не гледа зошто овој Закон би се употребувал во Кавадарци или Пробиштип. 

Пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми реплицираше на оваа изјава при што кажа дека за подобро меѓусебно разбирање би било добро Минов да научи албански јазик.

„Токму тоа ви зборувам научете албански да ме разбирате како што јас ве разбирам вас и да не бидеме слушалки. Албанскиот јазик е реалност, тоа на Албанците не е нешто што треба да им се додели, туку природно им следува“ - вели Адеми.

На почетокот на седницата, 60 пратеници се пријавија за збор, најголем дел од ВМРО-ДПМНЕ, но во меѓувреме се повлекоа што би значело дека пратениците нема многу да се задржуваат на ова прво читање на Законот за јазици.

Слично

Поврзани вести