Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панчо Минов со двосмислен одговор дали ќе гласа за уставните измени

Панчо Минов со двосмислен одговор дали ќе гласа за уставните измени


Пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов, за макфакс.ком.мк даде двосмислен одговор на прашањето дали ќе биде дел од пратениците кои од таборот на опозицијата би гласале да се отпочне процедурата за уставни измени..

На прашањето дали ќе гласа за уставните измени со кои треба да се примени договорот од Преспа, Минов кратко одговори: “Према народот, како?!”

На дополнително прашање дали тоа значи дека нема да гласа за промената на Уставот во Собранието, Минов само дополни “Вие ме прашавте, јас ви одговорив”.

Минов рече дека до денеска власта не го консултирала во обидот да го убеди да гласа за уставните промени за договорот со Грција.

Минов, кој беше избран за пратеник на изборите во 2016 како дел од коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, беше против Законот за употреба на јазиците.


Слично

Поврзани вести