Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панчо Минов исвиркан во Кавадарци

Панчо Минов исвиркан во Кавадарци

Панчо Минов денеска беше исвиркан од лозарите кои бараат од Владата гаранција дека ќе им бидат исплатени парите од откуп на грозјето од винариите Повардарие и СТефани откако сакаше да одржи говор пред нив на плоштадот во Кавадарци.

Поранешниот градоначалник на Кавадарци беше 81-иот пратеник во македонското СОбрание кој го надополни двотретинското мнозинство во игласувањето на уставните измени во согласност со Преспанскиот договор. Претходно не гласаше за отворањето на уставните амандмани, но 80-мина пратеници го сторија тоа и без него.

Пред неговиот настап на лозарите им се обрати актуелниот градоначалник Митко Јанчев кој им порача дека се слушнал со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски од кого добил уверување дека ќе биде обезбедена гаранција за враќање на парите од откупот.

Лозарите стравуваат дека од стечајот на Повардарие и Стефани нема да им бидат отплатени 1,5 милиони евра колку што се нивните побарувања за грозјето.

Слично

Поврзани вести