Панчо ќе биде погребан утре на гробиштата во Бутел
Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот на групата ДНК кој почина вчера по неколку месеци лекување во „Систина“ по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, ќе се одржи утре (16 октомври) на гробиштата во Бутел, со почеток во 13:30 часот.
Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде во 9 часот ќе започне Заупокоена литургија. Граѓаните ќе можат да изразат сочувство од 10 до 12 часот, а опелото ќе започне во 12 часот.
Панчо беше еден од основачите и фронтмен на популарното дуо ДНК, кое остави силен белег на македонската музичка сцена со хитовите „Пешки го поминав светот“, „Говори ми нешто за љубовта“ и други. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава загинаа 62 луѓе, а околу 200 беа повредени. Меѓу загинатите беа и членови на групата.
