Панчевски со кривични против Јанева, ОЈО ќе истражува
Поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, поднесе кривични пријави против Катица Јанева.
Од Јавното обвинителство велат дека се отворени предистражни постапки и дека трите кривични пријави се споени во еден предмет. Ваквата одлука на Панчевски произлезе од минатогодишните настани кога гевгелискиот суд одобри претрес кај Панчевски дома и во судот.
Во октомври лани, СЈО му ги одзеде мобилните телефони и компјутерите, под соменение дека местел предмети на СЈО кај судии од доверба.
Сé уште нема информации дали се сослушани Катица Јанева и судијката од гевгелискиот суд Злата Попова, која ја одобри наредбата за претрес.
Слично
