Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панчевски по суспендирањето: Избркан сум како партал од канцеларијата

Панчевски по суспендирањето: Избркан сум како партал од канцеларијата

Поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, на својот профил напиша дека „утрово бил избркан како партал од канцеларијата“ во Судскиот совет.

Судскиот совет одлучи да го суспендира поради постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција и обвинение за местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица.

„Ете и тоа го дочекав, утрово избркан како партал од канцеларијата и судската зграда, судски полицаец дојде да ја заклучи канцеларијата, ни одлука сум примил, ни официјално сум известен, ниту сум известен за било која од постапките на прогон против мене, освен од медиуми.Така функционира овој криминален систем! Тоа е таа ”благодарност” на системот за 24 години стаж во правосудните органи од кои 11 години судиски стаж во Кривичниот суд со потврдени најдобри резултати! Слава на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, напиша Панчевски на фејсбук.

Според обвинителството, судските предмети Панчевски ги делел на рака на одбрани судии, заобиколувајќи го АКМИС системот за електронска распределба. Освен случаи на редовното обвинителство, Панчевски рачно делел и предмети што го водело Специјалното обивнителство.

Слично

Поврзани вести