Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панчевски објави дека му е прифатена жалбата против советникот на премиерот - Горан Стаменковски

Панчевски објави дека му е прифатена жалбата против советникот на премиерот - Горан Стаменковски

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, објави дека му е укината првостепената пресуда за наводен мобинг врз советникот на премиерот Зоран Заев и раководител на човечки ресурси во судот - Горан Стаменковски.

Панчевски додека беше претседател на Основниот суд Скопје 1 беше обвинет дека му вршел мобинг на Стаменковски додека траеше борбата за промена на власта.

Панчевски поднесе жалба по првостепената одлука и истата е прифатена и предметот се враќа на повторно одлучување.

„На ист и идентичен начин бомбастично да објавите и да ја известите јавноста дека предметот се враќа на повторно одлучување, со оглед на тоа што наводниот мобинг Ви претставуваше јавен интерес, и беше во фокусот на јавноста, па оттука произлегува и вашата должност до крај објективно да известите и дека решението во кое стои дека  мобингот не е докажан како предмет на јавен интерес јавно да го објавите“ се обраќа Панчевски кон медиумите.


Слично

Поврзани вести