Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панче Тошковски: Во првите 12 часа од Safe City регистрирани 65.000 прекршоци

Панче Тошковски: Во првите 12 часа од Safe City регистрирани 65.000 прекршоци

Министерот за внатрешни рабти Панче Тошковски објави дека во првиот ден од почетокот на работењето на системот  „Безбеден град“ (Safe City), во првите 12 часа забележани неверојатни 65.000 прекршоци.

-  Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2800 и за нерегистрирано возило 1000. Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата.

Со „Безбеден град“ обезбедуваме подобра дисциплина во сообраќајот, транспарентни процедури и брза електронска комуникација со граѓаните. Овој систем е инвестиција во спасени животи и побезбедни улици за сите, објави Тошковски.

Слично

Поврзани вести