Панче Тошковски се сретна со родителите на Фросина Кулакова
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се сретна со родителите на Фрсина Кулакова, чија смрт со прегазување на булеварот Партизански одреди во Скопје ги крена граѓаните на протести.
- Вечерва присуствував на свеченото отворање на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива што произлезе од огромна болка, но и од уште поголема сила да се спречат идни трагедии.
Фросина беше млада девојка со живот пред себе, кој прерано и неправедно беше прекинат во сообраќајна несреќа. Ова не е само лична трагедија за едно семејство, туку потсетник за сите нас колку е кревка безбедноста во сообраќајот и колку сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот., објави синоќа Тошковски
Васил Јованов е осуден на 12 години затворска казна за смртоносното прегазување на Фросина Кулакова која поминувала на пешачки на зелен семафор. 20 годишникот бил под дејство на алкохол, без возачка дозвола и возел со брзина од 91 километар на час поминувајќи на црвено светло.
На синоќешното отворање на фондацијата присуствуваа и други министри, како и претседателката Гордана Силјановска Давкова.
Слично
