Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панче Тошковски: Плаќаме 250 раководители во МВР за „лежи лебу да те јадам“

Панче Тошковски: Плаќаме 250 раководители во МВР за „лежи лебу да те јадам“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостувањето на телевизија „Коха“ рече дека ја одложил планираната систематизација со која требало да се намали раководниот кадар во МВР од 500 на 250 разноразни шефови.

Релче дека тоа го направил под притисок на можните вонредни избори па да не се стекне впечаток во јавноста дека ќе се користи систематизацијата за злоупотреби. Затоа, вели тој е одложена за две години, кога законските измени треба да стапат на сила.

- Никој не може да ме убеди дека е добро да работиме со 500 менаџери, а при тоа и со 250 ќе ја сработиме работата. Па зошто плаќаат луѓево пари тогаш за даноци?Зошто кога само 250 во МВР се „лежи лебу да те јадам“, рече Тошковски.

Тој додаде дека за одложувањето на систематизацијата е најмногу виновна опозицијата.

Слично

Поврзани вести