Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ МУ ГО ПРЕДАДЕ КОРМИЛОТО НА НАЗИМ БУШИ - еве кој од денеска ќе раководи со МВР до устоличувањето на новиот владин состав

ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ МУ ГО ПРЕДАДЕ КОРМИЛОТО НА НАЗИМ БУШИ - еве кој од денеска ќе раководи со МВР до устоличувањето на новиот владин состав

Од денеска (31.05.2024) со Министерството за внатрешни работи ќе раководи Назим Буши.

„Досегашниот министер во техничката влада, г. Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста на министерот за внатрешни работи г. Назим Буши, досегашниот заменик министер за внатрешни работи“, се вели во соопштението од МВР.


По денешното примопредавање на должноста, согласно законски одредби на Република Северна Македонија, г. Назим Буши ќе раководи со Министерството за внатрешни работи до почетокот на функционирање на новиот владин состав, поточно до именувањето на новиот министер за внатрешни работи.

Слично

Поврзани вести