Панче Тошковски: Детето е убиено од залутан куршум, сторителот тешко се пронаоѓа во вакви ситуации
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека двегодишното дете што почина на ноовогодишната ноќ било погодено од залутан куршум.
- Истрагата потврди дека станува збор за куршум, не директно насочен, туку залутан. За жал, откривањето на сторителите во вакви ситуации е многу тешко, но истрагата продолжува, рече Тошковски на новинарско прашање.
Семејството Аслани чиј двегодишен син почина во Клинички центар откако на новогодишната ноќ во неговата глава заврши метален фрагмент претходно реагираше дека полицијата се однесувала брутално кон членовите.
Слично
