Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палмер со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Гласајте „За“, нема план Б

Палмер со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Гласајте „За“, нема план Б

На три дена пред посетата на Скопје, американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер од Белград ја повика ВМРО-ДПМНЕ да им овозможи на своите пратеници да гласаат за уставни промени по сопствено убедување.

"Нема план Б. Договорот од Преспа треба да се имплементира во Собранието. Оваа историска шанса не смее да се пропушти бидејќи тешко дека во блиска иднина ќе се повтори, порача високиот американскиот дипломат од Белградскиот безбедносен форум.


Палмер очекува Република Северна Македонија, како што вели, наскоро да стане 30 членка на НАТО, а во јуни следната година да ги почне преговорите со Европската Унија.

На прашањето на Фактор со каква порака оди во Скопје, тој рече дека  засега ништо нема да коментира. Пораките до македонските политичари за важноста од целосна имплементација Договорот до Грција лично ќе им ги пренесам на лидерите во Скопје, рече Палмер.

Инаку Палмер во Скопје доаѓа во понеделник и за тогаш најверојатно ќе се одложи и гласањето за уставните измени во Собрание.


Од Белград за Фактор: Горазд Чомовски


Слично

Поврзани вести