Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЛМЕР НА СРЕДБА СО ДРЖАВНИОТ ВРВ: Упати важни пораки за иднината на земјата

ПАЛМЕР НА СРЕДБА СО ДРЖАВНИОТ ВРВ: Упати важни пораки за иднината на земјата

Aмериканскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, кој е во посета на Maкедонија дава поддршка за европскиот пат на земјата. 

Палмер  се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, а потоа и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и со претседателот на државата, Стево  Пендаровски.

„Доаѓам со цел уште еднаш да ја потврдам и зајакнам силната американска поддршка за Северна Македонија и за нејзиниот европски пат и перспектива“, изјави Палмер.

На средбата кај Пендаровски беа разменети мислења за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.

Одбележување 25-години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу САД и Република Северна Македонија идната година, како и очекуваното скорешно зачленување на нашата земја во НАТО, ќе даде дополнителен импулс за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство. 

Димитров рече дека треба да бидеме упорни и да ги решиме сите клучни услови како Законот за јавно обвинителство.

„Да излеземе уште поподготвени и поупорнии да најдеме начин како заеднички да се остварат и нашите интереси и оние на земјите-членки. Ова е дел од Европа и не може Европа да остане успешна и цврста ако регионот остане ранлив“, кажа Димитров. 

На средбата со Шекеринска, се разговарало околу членството во НАТО кое наскоро ќе биде потврдено.

Слично

Поврзани вести