ПАЛМЕР И РИКЕР ДОАЃААТ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои се сите политичари кои веќе од денеска слетуваат во Скопје и Охрид, ги носи Преспа
Дел од гостите пристигнуваат веќе денеска, некои утре. На прославата на 3-годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, на две локации во држата - Охрид и Отешево почнувајќи од задутре односно на 1 и 2 јули ќе се одржува меѓународна конференција. Од веќе најавените потврдено е учеството на помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер и на специјалниот претставник на САД за Балканот Метју Палмер. Гостите од САД најверојатно и први ќе стасаат во земјава. Од таму најверојатно ќе дојде и медијаторот за спорот за името Метју Нимиц.
Според најавите конференцијата ќе ја отвори премиерот Зоран Заев, а ќе зборуваат повеќемина меѓу кои и гостите од САД, а и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас поранешната висока преставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, некои потписници, а некои учесници на историскиот настан во Нивици/Псарадес.
Со оглед на тоа што во исто време се одбележува годишнина и од Охридскиот договор во Охрид од задутре ќе бидат и поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, поранешниот специјален претставник на ЕУ Ален Ле Роа. Од ЕУ ќе присуствува и специјалниот преставник за Балканот, Мирослав Лајчак. Од регионот на форумот ќе учествуваат премиерите на Србија, Ана Брнабиќ, на Албанија Еди Рама, на Косово Албин Курти и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и на Словенија Борут Пахор
Според домаќинот министерот за надворешни работи Бујар Османи целта на оваа досега најголема конференција организирана во Македонија е создавање на позитивен дијалог меѓу земјите и нивните општества. Тој вели дека во основа се трите договори, Охридскиот, Договорот за пријателство со Бугарија и Договорот за стратешко партнерство со Гриција познат како Преспански договор, по кој според него „Северна Македонија се препознава како уникатен пример во поширокиот регион“.
„Трите договори уживаат силен внатрешен и меѓународен легитимитет и се широко прифатени и дома и кај нашите меѓународни пријатели. Во нив се препознаваат силни политички принципи и вредности кои имаат универзално значење, пред се храбрите политички чекори за изградба на долгорочни и стабилни компромиси, суштинска примена на инклузивноста во надминување на разликите помеѓу различните групи, меѓусебно почитување политичко и дипломатско трпение, пред се позитивниот пристап кон изградба на пријателства помеѓу соседите во најширока смисла на зборот. Не само што ги отворивме сите овие придобивки како наши автентични успеси туку ги ставивме на маса како основа за нивна понатамошна примена како успешен модел за надминување на предизвиците и разликите кои се се уште актуелни на Балканот, вели Османи.
А.Т.
