Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палмер: Грција да го истурка Договорот од Преспа

Палмер: Грција да го истурка Договорот од Преспа

САД направи "стратешка одлука" за тоа дека Грција е "идеален партнер" во потрагата по донесување стабилност и просперитет во "комплексниот" регион, рече заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања, Метју Палмер.

Ова беше "одлична" година во американско-грчките односи, рече Палмер, говорејќи на 20-тиот Форум Capital Link, кој беше отворен во понеделникот во Њујорк.

Американскиот официјален претставник додаде дека комплетирањето на Договорот од Преспа и завршувањето на спорот со името со Република Македонија е од витално значење за Грција во овој поглед.

И Грција и САД сакаат да ги видат Западен Балкан и Турција "цврсто закотвени" во западните и евроатлантските институции, додаде Палмер, велејќи дека во оваа рамка, Грција се гледа "не само како пазар од 11 милиони луѓе, туку и како порта кон Западен Балкан ".

Слично

Поврзани вести