ПАЛМЕР ДОАЃА НА СРЕДБА СО ДИМИТРОВ: На маса се неколку теми
Во работна посета на Македонија утре доаѓа специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, информираа од Министерството за надворешни работи.
Тој ќе има средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со кого ќе разговараат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу нашата земја и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции. Тема на разговор ќе бидат и состојбите во регионот.
Ќе дискутираат најверојатно и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.Палмер минатиот месец изјави дека очекува ЕУ позитивно да се изјасни во октомври за преговорите за Македонија. Тој тогаш како неопходен го спомена Законот за јавно обвинителство.
Слично
