Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПАЛЕВСКИ ЗНАЕ ШТО ГО ЧЕКА ВО МАКЕДОНИЈА, ЗАТОА СЕ ФАЌА ЗА СЕКОЈА СЛАМКА ВО ТУРЦИЈА“: Еве што вели безбедносниот експерт Пивоваров за екстрадицијата на Палчо

„ПАЛЕВСКИ ЗНАЕ ШТО ГО ЧЕКА ВО МАКЕДОНИЈА, ЗАТОА СЕ ФАЌА ЗА СЕКОЈА СЛАМКА ВО ТУРЦИЈА“: Еве што вели безбедносниот експерт Пивоваров за екстрадицијата на Палчо

„Ова беше еден многу тежок случај, каде што имавме Н.Н. извршители. Можам да потврдам дека ова е школски пример на брзо и ефикасно решавање на еден комплициран случај за кој колегите од соседните држави буквално ни пружија рака за професионалноста. Без разлика на тоа што го зборуваат политичките партии дека имало вакви или онакви пропусти„, вели во интервју за неделникот Фокус, националниот координатор за гранично управување и безбедносен експерт Владимир Пивоваров.

Тој вели дека веднаш по стапувањето на функцијата, министерот Панче Тошковски поведе истрага преку внатрешната контрола на МВР да се проверат тие информации и на крај ова што го кажувам го потврди и таа контрола.

„Значи, во моментот на напуштање на државата полицијата, сѐ уште нема ништо цврсто за Палевски за да може да му забрани излез од државата. Тоа се добива веќе во следните неколку дена, кога и експресно е тој ставен на меѓународна потерница. Значи граничните служби немале законска задача да го сопрат тоа лице. Јавноста сака да теоретизира и да мисли дека сѐ може да се реши во секунда. А во пракса тоа се тешки моменти за оперативците, кои токму поради вакви притисоци од јавноста и избрзување, може да направат многу грешки, што не беше случај во оваа истрага“, вели тој.

Според него, сепак, ќе мора докрај да дочекаме да се заврши екстрадицијата, кога сите досега прибрани вербални и материјални докази ќе се спротивстават на она што може да го каже и другата страна, која сигурно има и своја верзија на настаните.

Тој додава дека МВР има цврсти докази, кои многу веројатно се точни, но ние како јавност не треба да судиме пред судот, туку да ја сочекаме целата процедура до пресудата. 

“Верувам дека многу скоро ќе дојде екстрадицијата, која е клучна за ова правно да се заврши“, додава Пивоваров.

Околу прашањето дали е нормално една екстрадиција толку да трае, Пивоваров вели дека нормално е дека нивните адвокати ќе се обидуваат ова да го одолжуваат, но задача на државата Турција е да постапи по нашето барање, кое беше во сите експресни рокови напишано и испратено.

„Често, пракса е во вакви случаи, каде што со оглед на тежината на делото, затворската казна е речиси однапред позната, да се користат сите можни механизми тоа да се одложи. Палевски знае што го чека во Македонија и веројатно затоа се фаќа за секоја сламка во Турција“, вели тој.




Слично

Поврзани вести