ПАЛЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА ВО ТУРЦИЈА БИЛ ПОРАДИ ЗДРАВСТВЕН ПРОБЛЕМ: Сакал да оди и во воен архив поради Гоце Делчев
Во Турција бев да одморам и да докажам дека Гоце Делчев го убиле врховистите, изјави денеска првообвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски.
Таму како што тврди бил за да прави магнетна резонанца. Вели дека имал проблеми со кичмата. Втората причина за неговото заминување во Турција била посетата на воениот архив, од каде имал намера да побара документи кои докажувале дека во селото Баница за време на убиството на Гоце Делчев немало аскер, туку дека војводата го убиле врховистите. За патување до Москва преку Минск иако сакал, не резревирал билет. Требало да оди по новгородски ливчиња ( Новгород е најстар град во Русија) и од јавна библиотека во Москва да го набави најстариот христијански документ од 1057 година.
Во 2023 година се случија убиствата на Вања Ѓорчевска од Скопје која имаше 14 години и Панче Жежовски, пензионер од Велес кој имаше 74 години. Турската полиција го уапси Палевски во градот Баликесир.
