Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палевски за Фактор: Предавничко парче хартија за кое ќе одговaраат потписниците

Палевски за Фактор: Предавничко парче хартија за кое ќе одговaраат потписниците

Овој договор е склопен на штета на македонскиот народ, фундаментот на современата држава. Мојата патна исправа е Република Македонија, јас не ја признавам Република Северна или Северно од Македонија, вели Љупчо Палевски за Фактор.

„На нелигитимен и не транспаретен начин е направен договорот, од неовластени лица потпишан, нема шанса тоа да функционира во мојата Република Македонија во која сум роден и живеам. Нема легитимитет ниту политички ниту законски ова парче предавничка хартија. Ова е хартија која на Могерини и Хан им ја спасува политичката кариера и ќе ни достават покана за нато, но да се промени името нема шанси. Ваков контрадикторен договор е невозможно да се имплементира, посебно што тоа е најтешкиот дел, имплементација, а постојнава власт нема перформанси ни приближно“, вели Палевски.

Вели дека поканата на НАТО, за 11 и 12 Јули нема да успее и Македонија нема да биде членка на НАТО, но, како што вели, бруката, ќе остане како голема штета за која ќе одговарале Димитров како потписник, но и сите останати на чело со премиерот Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести