ПАЛЕВСКИ ПРЕДЛОЖИЛ РЕФЕРЕНДУМ: За кое прашање барал граѓаните да се изјаснат?
Собранието на 22 декември ќе расправа за референдумот кој го барал Љупчо Палевски, осомничен за двојното убиство на Вања и Панче, кој е уапсен во Турција и доби 40 дена екстрадициски притвор.
Тој до Собранието доставил предлог за референдум. Информациите се дека точката е ставена на дневен ред на седницата закажана за 22 декември годинава, а со истата се предлага задолжителен референдум на државно ниво за целата територија со референдумско прашање: „Дали сте за Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија склучен на 1 август 2017“.
Но, за да се распише референдум, потребно е да се соберат 150.000 потписи.Предлогот на овластениот предлагач Палевски, како претседател на Десна, е за собирање 150.000 потписи за референдум.
Инаку, партијата на Палевски застапуваше проруски ставови.
