Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЛЕВСКИ: Oвие снимки се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам

ПАЛЕВСКИ: Oвие снимки се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања и Панче, Љупчо Палевски-Палчо тврди дека датумите на снимките кои ги презентираше обвинителството се манипулирани. Тој рече дека на снимките не се гледа дека тој има микрофон на него, не коментирајќи го делот дека носи слушалка.

„Овие материјали кои денес беа презентирани, не се веродостојни и се манипулирани, манипулирани се датите, јас во присуство на тројцата сообвинети сум бил прв и последен пат на петти мај, не на 22.11.2023 година. Комоцијата на обвинителството во презентирање и наметнување на лажни докази, како на пример дека на црната јакна се гледа црн микрофон на јакната, во ноќен режим камери, тоа е невозможно. Јавното обвинителство е претворено во медиумски деск. На овие снимки кои се манипулирани и не се веродостојни, јас себеси не се препознавам“, вели Палевски.

Тој посочи и дека не е возможно да нема ДНК во возилото „Рено кангу“ ако тој бил во него.

Во судот денеска беше кажано дека обвинетите имале и неуспешен обид за киднапирање на Вања. Тоа се случило три дена пред девојчето да биде убиено. 

Слично

Поврзани вести