ПАЛЕВСКИ: Криминален ум би ја убил Зорица, а не Вања Ѓорчевска
Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски вели дека криминален ум би ја убил мајката, а не Вања.
Палевски за нелогично го смета обвинението дека заедно со обвинетите го грабнале девојчето за да изнудат пари.
Вели дека доколку е уцена заради користољубие, просечен криминален ум, доколку е во релација со таткото на оштетеното дете, кој веќе го поседува на свое име најскапиот имот на семејството, а децата се малолетни и тој е старател, криминалниот ум би ја убил Зорица, а не Вања Ѓорчевска, затоа што целокупниот имот на тоа семејство, заедно со депозитот од 30.000 евра во банка и новото возило ќе прејдат во владение и 50 проценти сопственост на законскиот старател Александар.
Палевски негира вина за двете убиства.
