ПАЛЕВСКИ ГО ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО СО ДРУГ АДВОКАТ – ВИТАНОВСКИ НЕ САКА ПОВЕЌЕ ДА ГО БРАНИ: На почетокот веруваше во неговата невиност
На почетокот на
судењето на Љупчо Палевски Палчо за убиствата на 14-гидишното девојче Вања Ѓорчевска
и велешанецот Панче Жежовски, неговиот адвокат Марјан Витановски веруваше во
неговата невиност и дури изјави дека ќе ја докаже.
Ова е неговата изјва на првото судско рочиште:
Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски. Според доказите, постои голема можност обвинетиот Љупчо Палевски воопшто да не биде поврзан со кривичните дела. Многу адвокати се оградија, ама јас цврсто и искрено верувам во невиноста на мојот клиент, изјави тогаш адвокатот Витановски.
Денеска, правниот застапник се откажа од бранење на Палевски во понатамошните судски рочишта, заради што адвокатот Јовица Страшевски ќе продолжи да го застапува.
Денеска во судницата треба да се соочат Палевски и второобвинетиот Велибор Манев, кој на претходното рочиште посочи дека Палчо со пиштол ги убил Вања и Панче.
